Foto/ EPA
Реал Мадрид ќе преноќи на првото место на табелата во Примера, по победата на гостувањето кај Кадиз. „Кралскиот клуб“, победи со 3:0 и сега има бод повеќе од Џирона. Џирона утре игра против Атлетик Билбао.
Првиот гол беше постигнат во 14. минута, Родриго помина покрај неколку дефанзивци на Кадис и потоа со прецизен удар ја испрати топката во спротивникот агол.
На вториот гол се чекаше до 64. минута. Најпрво се закани Лука Модриќ со добар удар од работ на шеснаесетникот, но тој ја погоди стативата. Една минута шанса, добра топка прими Родриго, кој ја испрати во мрежата.
Најдобрата шанса на мечот Кадиз ја имаше во 68. минута, но голманот на гостите Лунин без многу потешкотии го сопре обидот на Макси Гомез.
Во 74.минута, играчот на натпреварот Родриго му асиситраше на Џуд Белингем кој погоди за 3:0.
Англичанецот го постигна 14 гола за Реал во 15 натпревари, во сите натпреварувања од почетокот на сеозната. Белингем со 11 гола е водечки стреле во Примера.