Top Sport

(Видео) Микаела Шифрин ја забележа 90. победа во кариерата

Микаела Шифрин на домашен терен во Килингтон ја извојува 90. победа во Светскиот куп. За легендата на скијањето ова е шеста победа во кариерата во Килингтон.

Американката имаше најдобри времиња во двете возења и со вкупни 1:42,02 минути го оствари вториот последователен триумф сезонава во слалом.

Шифрин, за 33 стотинки, зад себе најголемата конкурентка Петра Влхова. Третото место и припадна на Швајцарката Венди Холденер со заостанување од 1,37 секунди.

Во поредокот, во слалом води Шифрин со 250 бодови, пред Германката Лена Дур со 190 и Влхова со 180.

Во поредокот за Големиот кристален глобус Шифрин има 350 бодови, а Влхова 84 помалку.

Scroll to Top