Top Sport

Нуњес активираше една клаузула од договоорт со Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес не се истакнува во дресот на славниот англиски клуб, но му донесе и носи големи пари на својот поранешен клуб Бенфика.

Португалските медиуми потсетија на една од клаузулите во договорот помеѓу Ливерпул и Бенфика, која се однесува на бројот на настапите на Уругваецот во тимот на Јирген Клоп, која штотуку е активирана.

Натпреварот против Сити во саботата беше 60-ти за Нуњез во дресот на Ливерпул и со него ја „активираше“ клаузулата според која Бенфика има право на дополнителни пет милиони евра.

Нуњез се пресели во Ливерпул во летото 2022 година за 75 милиони евра, плус 25 милиони доколку оствари одредени бонуси.

На 60-те одиграни натпревари досега постигна 22 гола и запиша девет асистенции.

Бенфика од него очекува повеќе пари, дополнителни пет милиони доколку одигра 85 натпревари за Ливерпул.

Scroll to Top