Top Sport

Динамо во Романија најде нов голман

Репрезентативецот на Романија, Хоратиу Молдаван (25), голман на Рапид од Букурешт е многу блиску до потпис на договор со Динамо Загреб. Романскиот портал „Антена спорт“, тврди дека Динамо ќе ја активира откупната клаузула од 800.000 евра за романскиот голман и ќе му даде годишна плата од 500.000 евра.

Романците пишуваат дека трансферот влегол во „последните сто метри“, односно дека „има уште малку работа, но споменатата клаузула не е проблем за Динамо“. Како што тврдат, Молдован во Динамо ќе заработи значително повеќе отколку во Рапид.

Молдован стана првиот голман на Романија во штотуку завршените квалификации за ЕП, преку кои оваа репрезентација како прва во групата се пласираше на ЕУРО 2024. Досега има забележано девет настапи за националниот тим.

За Рапид брани од зимата 2021 година.

Scroll to Top