Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, трката за Големата награда на Русија, најверојатно е ја започне од последната позиција. Поради бројните проблеми на неделната трка низ улиците на Сингапур, во болидот на Холанѓанецот ќе мора да биде ставен нов мотор.
Макс Ферстапен трката во Сингапур ја заврши на второто место, откако низ боксот успеа да ја добие битката со Себатијан Фетел, а потоа и покрај сите проблеми успеа да стигне до целта.
„Мислам дека со сите проблеми што ги имавме, дека остваривме одличен резултат. Бев среќен кога на патеката излезе безбедносното возило, бидејќи малку фалеше да застанам, а ниту посетата на боксот не мина најдобро. Не знам која патека ќе биде добра за нас. Можеби онаа во Мексико. Многу губиме на правците“, рекол Ферстапен.
Ферстапен лани трката за Големата награда на Русија ја заврши на петтото место, меѓутоа трката минатата година се возеше во април. Оваа година Ф1 возачите во Сочи ќе се натпреваруваат на 30.септември.