Осум екипи се пласираа во четвртфиналето на новото натпреварување на најсилната кошаркарска лига во светот, т.н. НБА куп.
По натпреварите од изминатата ноќ формиран е костурот на нокаут фазата на турнирот кој започнува на 4 и 5 декември.
Потоа ќе се играат четвртфиналните дуели во двете конференции, полуфиналето е закажано за 7 декември, а големото финале за два дена подоцна.
Од групата А запад, во четвртфиналето се пласираа Лос Анџелес Лејкерс (4-0) и Феникс (3-1). Од Б групата со скор 3-1 натпреварувањето го продолжува Њу Орлеанс.
Од групата Ц Запад, Сакраменто се пласираше во четвртфиналето со победата од 124:123 над Голден Стејт. Сакраменто ги забележа сите четири победи.
Од Во А групата на во Источната конференција, патот го продолжува Индијана со скор 3-1, со четири победи Б групата ја мина Милвоки, а со скор 3-1, Бостон беа најдобри во Ц групата.
Како тимови со најдобри +/-, Феникс Санс на Запад и Њујорк Никс на Исток ги добија вајлд-картите.
Во четвртфиналето на Истокот ќе играат Њујорк – Милвоки и Бостон – Индијана, а на Западот Феникс – Лос Анџелес Лејкерс и Њу Орлеанс – Сакраменто.
Да потсетиме, сите натпревари, со исклучок на финалето се вклучени во скоро од регуларниот дел на сезоната. Полуфиналето и финалето се играат во Лас Вегас.
The Elite Eight of the NBA’s In-Season Tournament is set. pic.twitter.com/mni3Pi2TOY
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) November 29, 2023