Top Sport

Фабио Гросо ќе добие отказ

Италијанскиот тренер Фабио Гросо повеќе нема да биде тренер на Олимпик од Лион, пренесува Фабрицио Романо.

Додека не биде именуван наследникот на Гросо, екипата привремено ќе ја води директорот на тренинг центарот Пјер Сеж. Извесно е дека тој ќе седи на клупата на Лион на натпреварите против Ленс и Марсеј.

Се додава дека одлуката за отказ на Грос ќе биде официјализирана за неколку часа.

Главни кандидати за наследник на Грос се Буно Генсио, Игор Тудор и Хорхе Сампаоли, дознава Фабрис Хокинс.

Ваков потег беше очекуван бидејќи францускиот гигант е последен во Лига 1 со само седум бода и една победа по 13 одиграни натпревари.

Scroll to Top