Црвена ѕвезда, вечерва, по пауза од 26 години повторно ќе одигра натпревар во Лигата на шампионите. Наполи ќе биде противникот со кого ќе се соочат црвено-белите, во рамките на првото коло, во Ц-групата.
„Газета дело спорт“, во пресрет на натпреварот направи репортажа за прочуениот тунел, што од соблекувалните води кон теренот на „Маракана“.
Наслов на текстот, на новинарот Г.Б.Оливеро е „Пеколот на Маракана: Ве носиме во најбараниот тунел во Европа“.
„Првиот впечаток што ќе го стекнете е должината на тунелот. Не му се гледа крајот! Вториот впечаток е надолнината. Имате впечаток е дека слегувате во пеколот. Мислевме дека тоа е само метафора. Но не е така! Навистина имате таков впечаток кога ќе се спуштате низ тунелот…Широк е само неколку метри, а долг е 75 метри. И тоа е само првиот дел. Кога ќе помислите дека сте стигнале до крајот, кога ќе ги видите светлата, ќе ја слушнете бучавата се уште не сте стигнале до крајот. Четири скали лево, 19 десно. Потоа повторно одите надолу и тунелот станува се потесен и потесен…Влегувате во последните 33 чекори, а над главата ви допира бучавата од трибината со нај жестоките навивачи. Човек се прашува како е можно да се игра во таков амбиент. Светлоста што ќе ја видите на последните 15 чекори воопшто не е смирувачка“, пишува новинарот на „Газета дело спорт“.
Натпреварот Црвена ѕвезда-Наполи ќе започне во 21 часот. Во истиот термин, во оваа група, ќе се одигра дербито помеѓу Ливерпул и ПСЖ.