Top Sport

Зорица Блажевска е нов претседател на РК Металург

Зорица Молкоска Блажевска е нов претседател на РК Металург. Блажевска, која беше генерален секретар на клубот, доаѓа на местото на Зоран Цветановски.

„Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите“, стои во соопштението што клубот го објави на својата интернет страница.

Блажевска во моментот е в.д. претседател, а официјално назначување за претседател ќе се случи на следното собрание на Металург.

Scroll to Top