Top Sport

(Видео) Спектакуларни голови и трилер-победа на Ливерпул, Челси со 10-мина го победи Брајтон

Foto/ EPA

Во терминот од 15.00 часот во англиската Премиер лига постигнати се 18 гола на четири натпревари – во просек по 4,5 по натпревар. Во 14. коло. Челзи го победи Брајтон со 3:2, Ливерпул по трилер триумфираше против Фулам со 4:3. Борнмаут и Астон Вила ги поделија бодовите 2:2, а нерешено имаше и на натпреварот Вест Хем – Кристал Палас 1:1.

Челзи водеше со два гола во воведната фаза од натпреварот, Енцо Фернандез ги доведе „сините“ во водство во 17. минута, а четири минути подоцна, Леви Колвил го удвои водството.
Брајтон израмни со голот на Буонаноте во 43. минута. Две минути подоцна Челси остана о играч помалку. Капитенот на овој натпревар, Конор Галагер беше исклучен откако го доби вториот жолт картон. бидејќи доби втор жолт картон во 45. минута. Челси со играч помалку ја зголеми предноста. Енцо Фернандез погоди под пенал.

Неизвесност во самиот финиш донесе резервистот Жоао Педро во втората минута од судиското надополнување кога ја намали предноста на Челси на 3:2.

На „Енфлид“, Ливерпул и Фулам одиграа фантастичинен натпревар, во кој „црвените“ постигнаа три спектакуларни гола, а Ливерпул во финишот направи пресврт и славеше со 4:3.

Ливерпул два пати водеше во првиот дел со головите на Александер-Арнолд и Мекалистер, а Фуламс е враќаше преку Вилсон и Тете.

„Котиџерс“ долго им даваа отпор на „црвените“, а потоа поведоа во 80. минута со голот на Де Кордова-Рид.

Но, Ливерпул повторно успеа да се извлече. И тоа со два гола во рок од две минути.

Повторно имаше прекрасни голови, прво на Ватару Ендо во 87. минута, а потоа во 88. на Александар-Арнолд.

Scroll to Top