Фудбалерите на Нотингем Форест не ја започнаа добро сезоната во Премиер лигата, поради што Стив Купер доби отказ.
Како што пренесува британски „Гардијан“, прв кандидат за клупата на „шумарите“ е Хулен Лопетеги.
Искусниот стручњак во текот на кариерата ја предводеше Севилја, каде остави длабока трага, предходно не се прослави како тренер на Реал Мадрид.
Неговиот последен ангажман беше во Вулверхемптон, кој го напушти во август годинава, бидејќи не беше задоволен од финансиите.
Ги водеше и Рајо Ваљекано, шпанската репрезентација, Порто, а најголемиот успех го имаше во Севилја, во сезоната 2019/20, кога успеа да ја освои Лигата на Европа.
Нотингем оваа сезона се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 13 освоени бодови.