Top Sport

Јувентус му нуди нов договор со помала плата на Влаховиќ

Јувентус планира да му понуди на Душан Влаховиќ нов, ревидиран договор. Планот на спортскиот директор е да му го продолжи договорот на напаѓачот и во исто време да ја намели неговата плата.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека годишната плата на Влаховиќ, според актуелниот договор, од јули ќе се зголеми на 12 милиони евра. Според „Газета дело Спорт“, тоа би требало да трае во следните две години.

Клубот не може да си дозволи толку високи трошоци, па планира да му ја намали платата меѓу осум и девет милиони евра, но да го продолжи договорот до 2027 или 2028 година.

Влаховиќ е среќен во Јувентус и сака да напредува, но прашање е дали ќе прифати намалување на платата.

Медиумите во Италија не ја исклучуваат можноста Влаховиќ да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Scroll to Top