Top Sport

Премиер лигата заради Челси ги забрани мега-трансферите

Клубовите од Премиер лигата изгласаа ново ограничување на трансферите на фудбалерите. Англиските клубови со 15 од 20 гласови „за“ одлучија дека во рок од пет години мора да биде исплатена целата отштета за еден играч. Досега такво ограничување немаше.

Последната година од немањето лимит најмногу прифитираше Челси. Интересно „сините“ гласаа „за“.

Вака Челзи во јануари годинава ги донесе Енцо Фернандез од Бенфика за 121 милион евра и Михајло Мудрик од Шахтјор за 70 милиони.

Двајцата потпишаа договори до летото 2031 година, а Челзи, барем на хартија, ги развлече трошоците за нивните трансфери во текот на тие осум и пол години, со што ќе го испочитува финасискиот фер-плеј.

Претходно оваа година, УЕФА го воведе гореспоменатото петгодишно ограничување, а сега и тоа го направи и Премиер лигата со цел да ги усогласи своите прописи со оние на УЕФА.

Новото правило нема да влијае на веќе направените трансфери.

Scroll to Top