Top Sport

(Видео) Јанис постигна 64 поени, сам ја победи Индијана

Јанис Адетокумбо ја одбележа изминатата ноќ во НБА. Гркот постигна 64 поени во победата на Милвоки над Индијана со 140:126.

Интересно Јанис изведе 32 слободни фрлања, погоди 24. Целиот тим на Индијана исто толку пати беше на линијата за слободни и постигна 25 поени.

Ова е личен рекорд за Јанис, а воедно и рекорд на франшиза, кој до вчера го држеше Мајкл Рид со 57 постигнати поени во 2006 година.

Хјустон победи против Мемфис 117:104, Кај победниците најдобар беше Исон со 25 поени и 14 скока, додека 44. поени на Џексон не им помогнаа на Гризлис.

Антонио Дејвис го доби двобојот против Виктор Вембањама. Лејкерси победија со 122:119 во Сан Антонио, а центарот на тимот од Ел-Еј забележа 37 поени и десет скока. На другата страна младиот Французин заврши со 30 поени, 13 скока и две асистенции.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Детроит – Филаделфија 111:129, Вашингтон – Њу Орлеанс 122:142, Мајами – Шарлот 115:104, Феникс – Бруклин 112:116, Јута – Њујорк 117:113.

Scroll to Top