Top Sport

(Видео) Грин суспендиран на неодредено време

Играчот на Голден стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е суспендиран на неодредено време од челниците на НБА.

Центарот на тимот од Сан Франциско ноќта меѓу вторникот и средата намерно во лицето го удри Јусуф Нуркиќ, центарот на Феникс и за тоа автоматски беше исклучен.

Од почетокот на сезоната Грин три пати е исклучен.

Неодамна имаше сличен инцидент кога го фати Руди Гобер за врат и го давеше неколку секунди. НБА во одлуката за суспензија наведе дека „Грин има историја на неспортско однесување“.

Според најавите на ЕСПН, Грин, Мајк Данливи, генералниот менаџер на Голден стејт и менаџерот на кошаркарот наскоро треба да седнат на маса за да преземат чекори за да не се повтори ваква ситуација.

Суспензијата ќе го чини Грин и финансиски. Доколку пропушти помалку од 20 натпревари за секој натпревар ќе биде казнет со 154.000 долари, а ако пропушти повеќе од 20 натпревари, казната ќе се зголеми на 203.000 долари по натпревар.

Scroll to Top