Top Sport

Александар Јончевски го презеде Башкими

Актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Алкесандар Јончевски, најде нов клупски ангажман, откако неодамна ја прекина соработката со Кожув.

Јончевски се сели во соседно Косово, тој договори соработка со Башкими. Клубот објави дека новиот тренер од утре ќе започне со работа.

Јончевски има искуство во шампионатот на Косово, во минатото работеше во Трепча. Во кариерата бил тренер на Гостивар, Кожув, Спартак Суботица, МЗТ.

Со МЗТ во 2016 година го освои првенството и купот на Македонија.

Башкими се наоѓа на претпоследното место на табелата со четири победи и осум порази.

Scroll to Top