Top Sport

(Видео) Брајтон со гол во 88.минута до првото место во Б групата, Ренџерс го испрати Бетис во Конференциската лига

Вечерва заврши фазата по групи во Лига Европа. Најголем добитник е Брајтон, кој со победата над Марсеј ја освои првата позиција во Б групата, додека најголем губитник е Бетис, со поразот на домашен терен од Глазгов Ренџерс, падна на третото место во Ц групата и ќе продолжи во Конференциската лига.

На „амекс“ стадионот во Брајтон, домашниот тим ја доби пресметката со Марсеј и ја презеде првата позиција од францускиот тим. Стрелец на едноствениот гол беше Жоао Педро во 88.минута.

Во оваа група Ајакс со победата против АЕК (3:1) обезбеди опстанок во Европа и ќе го продолжи натпреварувањето во Конференциската лига.

Бетис, во последната рунда влезе како лидер во Ц групата, но по вечерашните натпревари падна на третото место. Спарта Прага во Лимасол го победи Арис со 3:1, а Бетис загуби дома од Ренџерс 2:3.

Ренџерс двапати водеше во првото полувреме, прво преку Сим, а потоа преку Десерс. И двапати Бетис се врати преку на Миранда и Перез.

Во 69. минута на Бетис му беше поништен гол поради играње со рака на Перез, а во 78. минута Шкотите победија со голот на Руф.

Пласман во нокаут фазата вечерва изборија: Вест Хем, Фрајбург, Брајтон, Марсеј, Ренџерс, Спарта Прага, Аталатна и Спортинг.

Во Конференциската лига се селат Олимпијакос, Ајакс, Бетис и Штурм.

Scroll to Top