Top Sport

Реал и Барселона ја канат Црвена звезда во европската Суперлига

Реал Мадрид и Барселона се уште не се откажуваат од формирањето на европската Суперлига. Како што пренесува „Мундо Депортиво“, дозвола се бара преку судот.

Доколку пресудата биде позитивна, место во конкуренција би добила и Црвена звезда.

Потенцијалните организатори планираат да вклучат 60 клубови во системот, а клубови како Црвена Звезда, Андерлехт, ПСВ, Феенорд би биле вклучени преку неколку дивизии, пишува „Мундо Депортиво“.

Барса и Реал засега немаат јавна поддршка од останатите големи европски клубови. Сè укажува на победа на УЕФА и одбрана на интегритетот на фудбалот.

Сослушувањето во Европскиот суд на правдата е закажано за четврток на 21 декември, а во случај на позитивна пресуда, тогаш несомнено би се вратиле и другите великани.

Основањето на европската Суперлига беше најавено во пролетта 2021 година, со разработен систем на натпреварување и можност за голема заработка.

Тогаш идејата ја претставија Јувентус, Реал Мадрид, Милан, Барселона, Ливерпул, Манчестер јунајтед, а поддршка дадоа Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем, Челзи, Атлетико Мадрид и Интер.

За претседател е избран Флорентино Перез, актуелниот прв човек на Реал Мадрид.

УЕФА и претседателот Александар Чеферин ја добија првата „битка“ и успеаја да ја задржат Лигата на шампионите и елитниот фудбал во свои раце, поради што голем број на клубови ја напуштија оваа идеа, на крајот останаа само Реал и Барса.

Во таборот на Црвена звезда беа против формирањето на европската Суперлига, за што во април 2021 година говореше и генералниот директор Звездан Терзиќ.

Scroll to Top