Top Sport

(Видео) Капитенот на Лутон колабираше на теренот, натпреварот е прекинат

Натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига помеѓу Бурнмут и Лутон е прекинат откако Том Локер колабираше на теренот.

Резултатот на натпреварот помеѓу Бурнмаут и Лутон по нешто повеќе од еден час игра беше 1:1, но сето тоа падна во втор план поради ужасната сцена која се случи.

Имено, во 65. минута капитенот на гостинската екипа Том Локер колабираше на средината на теренот, по што судијата веднаш ја прекина играта.

Лекарските тимови на двата тима, како и членовите на итната медицинска помош веднаш притрчаа на теренот за да му помогнат на играчот на Лутон.

Локер еднаш веќе колабрираше на теренот, тоа се случи во мај годинава, во плеј-оф натпревар од Премиер лигата против Ковентри. Тогаш лекарите утврдија дека има атријална фибрилација, најчест тип на аритмија или неправилно чукање на срцето. Беше опериран, но му беше дозволено да продолжи да игра фудбал.

Главниот лекар на Борнмут, информира дека Локиер е буден и компактибилен.

Scroll to Top