Top Sport

Барселона го следи Романецот од Џенова

Фудбалскиот клуб Барселона покажува интерес за играчот на Џенова, романскиот репрезентативец Раду Драгушин, пренесуваат шпанските медиуми.

Драгушин (21) е роден во Букурешт, а во помладите категории настапуваше за Спортул и Регал спорт.

Во Јувентус се пресели во 2018 година, а за првиот тим на „старата дама“ одигра само четири натпревари.

Романскиот фудбалер беше на позајмица во Сампдорија, Салернитана и Џенова.

На крајот на јануари 2023 година, Драгушин потпиша повеќегодишен договор со Џенова, до 30 јуни 2027 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака да ангажира романски фудбалер во зимскиот преоден рок, а откупната клаузула наводно изнесува околу 30 милиони евра.

Исто така, се наведува дека скаути на бројни големи европски клубови ги следат игрите на фудбалерите на Џенова.

Драгушин оваа сезона одигра 16 натпревари за Џенова и постигна еден гол. За романската репрезентација настапи на 13 натпревари.

Scroll to Top