Минатата недела заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Пред зимската пауза ќе се изврши ждрепката која е закажана за 12 часот во Нион. Статусот на носители го остварија клубовите кои завршија на првото место во групата, додека второпласираните се неносители.
Носители: Арсенал, Атлетико, Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Реал Сосиедад.
Неносители: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, ПСЖ, Порто, ПСВ
Секоја двојка ќе биде составена од носител и неносител. Првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен неносителите.
На ждрепката не смеат да се сретнат два клуба од иста земја и два клуба кои биле во иста група.
Лигата на шампионите продолжува на 13 февруари следната година, а финалето ќе се игра на Вембли на 1 јуни.