Top Sport

Мурињо за Салах и Де Брујне: Немаа трпение, тие побараа да си заминат од Челси

Жозе Мурињо конечно откри зошто Челзи ги продаде идните суперѕвезди Кевин Де Брујнe и Мохамед Салах. Египјанецот и Белгиецот со години се меѓу најдобрите играчи во светот, но не ja добија вистинската шанса на „Стемфорд Бриџ“.

Мурињо, кој донесе три шампионски титули на Стемфорд Бриџ во 2005, 2006 и 2015 година во два мандати, беше менаџер кога Челзи реши да го продаде Де Брујне на Волфсбург, а Салах на Рома.

Откако заминаа од западен Лондон, нивните кариери започнаа да се движат по нагорна линија и двајцата станаа легитимни кандидати за Златната топка.

Мурињо сега откри дека Де Брујне и Салах немале трпение да ја чакаат шансата на „Стемфорд Бриџ“.

„Да бидам искрен, тие заминаа затоа што сакаа да заминат, заминаа затоа што не сакаа да чекаат“, рече Мурињо како гостин во подкаст и продолжи:

„Минатото покажа дека направија добар избор. Но, понекогаш децата ги носат тие одлуки затоа што не сакаат да чекаат или немаат трпение да ја добијат вистинската шанса. Понекогаш нивните кариери одат во погрешна насока“.

Мурињо тврди дека клубот ја донел одлуката да ги пушти Салах и Де Брујне.

„Кога луѓето велат дека го пуштив Салах, јас го кажувам спротивното. Јас го донесов Салах. Ливерпул сакаше да го донесе од Базел, а јас влегов во војна за да го доведам.
Де Брујне имаше одлична предсезона. Беше стартер на почетокот на Премиер лигата, а во Суперкупот на Европа против Баерн беше на клупата. Следниот ден побара да си замине”, изјави Мурињо.

Во секој случај, Мурињо ќе остане запаметен во светот како еден од најдобрите тренери во историјата, додека Салах и Де Брујне изградија репутација на фудбалски шампиони.

Scroll to Top