Top Sport

Шпанецот по шест месеци подготвен да замине од Манчестер јунајтед

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Серхио Регуилон, по само шест месеци би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Според англиските медиуми, голем интерес за Шпанецот покажале од Борусија Дортмунд. „Милионерите“ биле подготвени да ги преземат сите обврски кои ги има Јунајтед кон левиот бек.

Регуилон кариерата ја започна во Реал Мадрид, но таму никогаш не доби шанса да се докаже. Блесна на позајмицата во Севилја, кај Хулен Лопетеги што му овозможи трансфер во Тотенхем вреден 30 милиони евра.

Кај Антонио Конте не успеа да се избори за стандардно место во тимот, па Тотенхем го испрати на позајмица во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ не ја искористија опцијата да го откупат неговиот договор.

Летово Јунајтед наиде на проблеми поради повредите на Лук Шо и Тајлер Маласија, па Тен Хаг во паника го донесе Регуилон на позајмица до крајот на сезоната.

Во досегашниот тек од сезоната одигра само 10 натпревари, седум во Премиер лигата и на теренот мина само 648 минути.

Scroll to Top