Во свечен спортски амбиент и во присуство на еминентни спортски личности се одржа прогласувањето за најуспешните атлетичари , атлетски клубови , афириматори , рекордери и освојувачи на медали во атлетиката за изминатата 2023 година.
Дрита Ислами и Дарио Ивановски беа прогласени за најдобри спортисти за 2023, а традиционално беа наградени и најдобрите атлетичари во младите категории.
За најуспешен клуб беше прогласен АК Делта, а наградата за животно дело беше доделена на Проф. Иса Аслани од атлетскиот клуб Теута.
На самата свеченост од страна на претседателката Александра Војнеска Зикова, беа доделени и признанија за поддршка и афирмација на атлетиката до директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.