Top Sport

Чави пцуел и кршел во соблекувалната, најмногу го критикувал Левандовски

Барселона освои три бода во последниот официјален натпревар годинава откако ја совлада Алмерија со 3:2. Натпреварот против „фенерџијата“ се уште е тема на шпанските медиуми кои ја следат Барса, поради она што се случувало во полувремето, во соблекувалната.

Чави ја искористи паузата на натпреварот против Алмерија за да одржи говор кој го нарече најтежок во неговата тренерска кариера, а шпанските медиуми сега откриваат што се случило во тие десет минути.

„Мундо Депортиво“ наведува дека тренерот на Барселона никогаш не бил толку брутален во обраќањето кон поединци, „Марка“, пишува дека бил особено груб кон Роберт Левандовски.

„Веќе неговиот влез во соблекувалната го навестуваше најлошото. Чави пцуеше, клоцаше и удираше се што му беше на патот. Потоа ја зеде таблата на која црта акции, ја стави пред себе и почна да удира додека викаше: „Не може вака“, се наведува во текстот и се додава дека неговиот гнев не запрел тука и дека ја искинал облеката.

„Сакам да трчате како свињи“, викал Чави, лут на играта на тимот во првото полувреме и обвинувајќи ги играчите дека играат без душа и посветеност на мечот по кој јавно ги прозва своите играчи.

Scroll to Top