Top Sport

Трансфермаркт: Ова се тројцата најскапи фудбалери во светот

Трансфермакрт, портал специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите, со најголема база на податоци за фудбалот, ја објави најновата листа за шпанската лига.

Најскап на оваа листа е офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Англичанецот Џуд Белингам (20), чија вредност се зголеми од 150 на 180 милиони евра.

Белингем се изедначи со Килијан Мбапе (25) од ПСЖ и Ерлинг Халанд (23) од Манчестер сити. Според Трансфермаркт овие тројца најмногу вредат на фудбалскиот пазар. По нив следуваат Винисиус (23) од Реал со вредност од 150 милиони евра и Букајо Сака (22) од Арсенал со 120 милиони евра.

Белингем летово пристигна во Реал од Борусија Дортмунд во трансфер кој со бонуси ќе вреди повеќе од 100 милиони евра. Англичанецот веднаш стана најважниот играч во тимот на тренерот Карло Анчелоти. На 21 настап постигна дури 17 гола. Неговиот договор е со важност до 2029 година.

Халанд е напаѓач на Сити, заврши на второто место во трката за Златната топка во 2023 година, веднаш зад Лионел Меси. Норвежанецот постигна 19 гола и имаше пет асистенции во 22 настапи оваа сезона. Тој исто така беше неверојатен минатата сезона, неговата прва сезона во клубот од Манчестер. Постигна 52 голови на 53 натпревари, со девет асистенции. Неговиот договор е со важност до 2027 година.

Мбапе е најдобриот играч на ПСЖ. Без разлика дали е во врвот на нападот или на крилните позиции, оваа сезона има 21 гол и две асистенции на 22 натпревари. Со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој се уште нема потпишано нов, тој би можел да го смени клубот во летото 2024 година. Најчесто го поврзуваат со Реал.

Scroll to Top