Top Sport

(Видео) Атлетико со играч помалку ја победи Севилја

Foto/ EPA

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен ја совладаа Севилја со минимални 1:0 во натпревар од четвртото коло на Ла Лига. Овој натпревар требаше да се одигра во септември, но беше одложен поради лоѓото време во Мадрид. Со ова официјално заврши првиот дел од сезоната во Шпанија.

Атлетико победи со голот на Маркос Љоренте во 46.минута. Љоренте во полувремето добо шанса, влезе на местото на Молина и по само 40 секунди од стартот на второто полувреме го постгна голот за победа.

„Јорганџиите“ ја продолжуваат трката за врвот на табелата во шпанското првенство. Тие се на третото место со 38 бодови, додека Реал Мадрид иЏЖирона имаат по 45. Од друга страна, Севиља е 15-та на табелата во Ла Лига со 16 освоени бодови.

Атлетико апсолутно го контролираше натпреварот во првото полувреме, Севилја ретко имаше шанса да се појави на противничката половина. И покрај инцијативата и поседот (65-35), домаќините створија само една вистинска шанса.

Алваро Мората на стартот од мечот, кога во третата минута излезе еден на еден со Марко Дмитровиќ, но српскиот голман успеа да го одбрани неговиот удар.

Решавачкиот момент се случи во 46.минута кога Рамос го блокираше ударот на Маркос Љоренте но тој налета на одбиената топка и ја смести во голот.

Проблемите за домашните настанаа во 73. минута, кога Чаглар Сујунџу, кој доби шанса од клупата во 70.минута доби директен црвен картон поради груб фаул.

Со играч помалку Атлетико добро се бранеше, не и дозволи на Севилја да создаде шанса за гола, а во нападот Љоренте имаше уште две шанси, но не успеа да ја удвои предноста на својот тим.

Scroll to Top