Top Sport

(Видео) Продолжи „црната“ серија на Детроит, Пистонс два месеци не знаат за победа

Тимот на Детроит Пистонс од актуелната сезона е на добар пат да стане најлошиот тим во историјата на НБА лигата. Изминатата ноќ Пистонс го забележаа 26-от пораз во низа, Тие доживеаја пораз од Бруклин Нетс во Баркли центарот со резултат 126:115.

Нетси на тој начин ја прекинаа серијата од пет последователни порази, Пистонс се уште не ја гледаат светлината на крајот од тунелот, го изедначија неславниот рекорд на Филаделфија и Кливленд.
Рекордот се однесува на порази во една сезона, додека Филаделфија се апсолутни лидери со 28 порази во низа. Таа серија започна во сезоната 2014/15, а продолжи и во следната.
Тимот од Бруклин поведе кон средината на првата четвртина (16:15), а до крајот имаше и двоцифрена предност од +11 (32:21).

Таа до крајот на мечот успешно ја одржуваше својата предност, која во повеќето случаи беше двоцифрена, за да стигне до крајот на рутинска победа.

Кај Нетс се истакна Микал Бриџис со 29 поени, седум асистенции и шест скока, а го следеше Кам Томас со 20, додека Камерон Џонсон постигна 18 поени.

Во поразениот тим, Џејден Ајви забележа 23 поени, шест скока и седум асистенции, додека двоцифрени беа Кејд Канингем со 22 поени и шест асистенции, Ајзеа Стјуарт со 20 поени со по пет асистенции и скокови, како и хрватскиот репрезентативец Бојан. Богдановиќ со 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Scroll to Top