Top Sport

Навивачи оставиле 400 килограми смрдлива риба пред клупскиот тренинг центар

Фудбалскиот клуб Лориен, по 17 рунди во Лига 1 се наоѓа на претпоследното место со само 12 поени.

Најжестоките навивачи на Лориен, познати како „Мерлус Ултрас“, оставија 400 килограми риба пред тренинг центарот на клубот по тешкиот пораз од Брест (4:0) во средата во 17. коло од францускиот шампионат.

Заедно со рибата донеле и транспарент на кој пишувало: „Смрдлива е како вас“.

Незадоволните навивачи потоа излегоа со соопштение:

„По уште еден срамен пораз на нашиот клуб, околу 20 членови извршија акција. Тие оставија 400 килограми риба пред оградата со порака: „Рибата е расипана како што сте расипени и вие“. Нека го напуштат клубот веднаш луѓето кои не се загрижени и кои не го почитуваат Лориен како институција“.

Scroll to Top