Top Sport

Еден од најбогатите Британци го презеде Манчестер јунајтед

Сер Џим Ретклиф (71) купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед за 1,2 милијарди фунти (1,39 милијарди евра) и со тоа доби контрола над клубот, односно ќе ги контролира сите фудбалски операции.

Лидерот и основач на INEOS, мултинационална компанија и една од најголемите хемиски компании во светот, го презеде управувањето со академијата, односно само машкиот и женскиот тим од Олд Трафорд по 13 месеци долги преговори.

Договорот за преземање мора да биде потврден од Премиер лигата, а тој процес се очекува да трае меѓу шест и осум недели. Со споменатата сума Ретклиф веднаш ќе инвестира околу 300 милиони евра во инфраструктура. „Скај спортс“ наведува дека ќе биде потребно повеќе за „Олд Трафорд“ повторно да стане елитен стадион во светот. Британскиот милијардер лично ќе ја финансира реконструкцијата.

Јунајтед е под контрола на семејството Глејзер од 2005 година. Тогаш за мнозинскиот пакет акции плати 800 милиони фунти за мнозинска сопственост. Но, пред повеќе од една година почнаа да размислуваат за продажба. „Фајненшл тајмс“, објаснува дека доаѓањето на Ретклиф во клубот е одложено поради загриженоста за заштита на малцинските акционери, но изворите велат дека тие прашања се решени. Глејзерите ќе продолжат да управуваат со маркетинг операциите.

Инаку, Ретклиф е и сопственик на Ница во Франција и живее во Монако.

Scroll to Top