Top Sport

Виктор Роке во јануари доаѓа во Барселона

Неефикасноста и лошата реализција на шансите ја натера Барселона, шест месеци порадо од планираното, да го донесе Виктор Рока. Барселона го договори трансферот на 18. годишниот напаѓач минатото лето, но тој според договорот требаше да остане во Атлетико Паранаенсе до јуни наредната година.

Барселона, во јануарскиот преоден рок ќе го донесе Роке, а за неговиот трансфер ќе плати 30 милиони евра. Трансферот, во зависност од тоа колку ќе бидат исполнети бонусите може на Атлетико Паранаенсе да му донесе дополнителни 26 милиони евра.

Договорот е потпишан на осум години, а откупната клаузула изнесува 500 милиони евра.

Роке оваа сезона за Атлетико одигра 45 натпревари во сите натпреварувања. Тој постигна 21 гол изабележа осум асистенции.

Scroll to Top