Top Sport

НБА ја одобри продажбата на Далас Маверикс

НБА лигата ја одбри продажбата на Далас Маверикс. Преземањето од страна на новите сопственици ќе биде завршено до крајот на оваа недела.

Марк Кјубан ќе го продаде сопственичкиот удел на семејствата на д-р Миријам Аделсон, како и на Сиван и Патрик Думонт.

Думонт, кој инаку е претседател на корпорацијата Лас Вегас Сандс, ќе биде главен претставник.

Наводно за купување на Далас биле издвоени 3,5 милијарди долари. За споредба, Кјубан го купи тимот од Тексас во 2000 година за 285 милиони долари.

Интересно и покрај продажбата, Кјубан ќе ја задржи контролата врз клубот, пред се врз кошаркарските операции на тимот кој играше во плеј-офот во 18 од 23 сезони откако тој стана сопственик и ја освои единствената титула во 2011 година.

Scroll to Top