Top Sport

Уапсен првиот човек на КК Морнар од Бар

Ѓорѓије Павиќевиќ (лево)

Првиот човек на кошаркарскиот клуб Морнар од Бар, Ѓорѓије Павиќевиќ е уапсен под сомнение дека се занимава со шверц на цигари.

Тој е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, пренесува „Вијести“ од Подгорица.

Освен Павиќевиќ, уапсени се и двајца службеници на Управата за приходи и царина, како и поранешен вработен во фирмата на Павиќевиќ.

Ѓорѓије порано беше прв тренер на тимот од Бар, додека на таа функција не дојде неговиот помлад брат Михаило.

Scroll to Top