Top Sport

(Видео) Сарацин најбрз во Бормио, Шварц се повреди

Сипријен Сарацин победи во спуст трка во Светскиот куп. Французинот ја победи конкуренцијата во Бормио, Италија.

Ова е втора победа во кариерата на Сарацин и прва по пауза од седум годони, кога славеше во велеслаломската трка во Алта Бадија.

Трката ја обележа повредата на Марко Шварц, кој во Бормио дојде по победата во слалом во Мадона ди Кампиљо и како лидер во вкупниот поредок. Шварц заврши во заштиттана ограда, впечаток е дека го повреди десното колено. Тој со хеликоптер беше преврлен во болница.

Сарацин, брилијантно го возеше последниот сектор и во целта забележа време 1:50.73 минути.

Само девет стотинки зад победникот доцнеше Марко Одермат, актуелниот победник во Светскиот куп. Канаѓанецот Камерон Александер се искачи на најниското скалило на подиумот.

Во поредокот за спуст води Одермат со 176 бодови, пред Американецот Бенет со 167 и Норвежанецот Килде со 160. Одермат е лидер и во генералниот пласман со 536 бодови, пред Австриецот Шварц со 464 и Сарацин, кој собра 200 бодови.

Scroll to Top