Добро познатиот турски новинар Ертан Сузгун пишува дека тренерот на турскиот прволигаш Анталијаспор, Нури Сахин се согласил да се пресели во Борусија Дортмунд, клуб во кој има статус на легенда.
До крајот на оваа сезона, Сахин треба да му биде помошник на актуелниот тренер Един Терзиќ, а потоа на лето да ја преземе неговата улога.
35-годишниот Турчин е роден во околината на Дортмунд и како дете пристигнал во академијата на клубот од Вестфален. Тој се проби во првиот тим како 16-годишник и беше еден од најголемите таленти во Бундеслигата, каде што 15 години го држеше рекордот за најмлад стрелец.
Во генерацијата чиј тренер беше Јирген Клоп, тој ја освои последната шампионска титула на Борусија и играше во финалето на Лигата на шампионите каде беа поразени од Баерн Минхен.
Од Борусија замина во Реал Мадрид каде не се снајде најдобро, а подоцна играше за Ливерпул и Вердер. Анталијаспор е првиот клуб во неговата тренерска кариера.