Турските новинари кои се наоѓаат во Саудиска Арабија на стадионот во Ријад објавија дека натпреварот од Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај е одложен.
Натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај требаше да се одигра на стадионот Ал Наср со почеток во 18:45 часот.
Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра на друго место, сега се чека само официјална потврда од двата клуба.
Причината за ова е што организаторите на натпреварот во Саудиска Арабија не им дозволија на играчите на Фенер и Галата да излезат на теренот облечени во дресови со ликот на Кемал Ататурк во чест на 100-годишнината од основањето на Турција. Покрај тоа, домаќините не дозволија да биде изведена химната на Турција и да има една минута молчење.
🚨🇹🇷 BREAKING! The Turkish Super Cup final scheduled for now has been CALLED OFF!
Both Galatasaray and Fenerbahce refuse to play without ‘Atatürk’ on their shirts in Saudi Arabia. 🇸🇦
An inscription referring to Mustafa Kemal Atatürk, founder of the Turkish Republic.
The… pic.twitter.com/wuye3LSyqD
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 29, 2023
Челниците на лутите ривали не се согласија на компромиси, а играчите останаа во хотелот и воопшто не дојдоа на стадионот.
По преговорите кои траеја во текот на целиот ден, одлучено е натпреварот да се откаже бидејќи организаторите не сакаа да ја сменат својата одлука, а тоа не им се допаднало на челниците на Фенербахче и Галатасарај.
Ставот на Турците најдобро го сумираше претседателот на Фенербахче, Али Коч.
„Како тоа го мислите дека го нема Ататурк? Ако го нема Ататурк, ја нема Турција, не нема нас, нема натпревар“, ја пренесува неговата изјава Ал-Ријад Њуз.