Top Sport

Ѓоковиќ од Вимблдон играл тенис само со левата рака

Новак Ѓоковиќ најави дека на тениските терени ќе се врати кон крајот на оваа година, а директорот на Мастерсот во Париз Ги Форже открил дека од повредата на лактот на десната рака, Србинот воопшто не играл тенис.

Ѓоковиќ сезоната ја заврши на Вимблдон, кога поради повреда му го предаде четврт-финалето на Томаш Бердих. Тој неодамна најави дека кон крајот на годината ќе се појави на егзибицискиот турнир во Абу Даби и воедно го потврди учеството на првиот гренд слем во сезоната, Аустралијан опен.

Српскиот тенисер неколку пати потенцираше дека проблеми со лактот на десната рака имал уште од Ролан Гарос во 2016 година.

„Новак во последните два и пол месеци воопшто нема играно тенис. Ми кажа дека од повредата играл само два пати и тоа со левата рака“, рекол Форже.

Поради паузата Ѓоковиќ испадна од Топ 10 на АТП листата.

Scroll to Top