Top Sport

Бјукенан потпиша за Интер

Поранешниот играч на Бриж, Тејон Бјукенан, потпиша четири и пол годишен договор со Интер, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Интер не ги прецизираше финансиските детали од договорот, а италијанските медиуми објавија дека трансферот на 24-годишниот дефанзивец заедно со бонуси е вреден 10 милиони евра.

Бјукенан ќе биде првиот канадски фудбалер кој ќе игра во Серија А.

Италијанските медиуми објавија дека тој е подготвен да дебитира утре против Верона на „Џузепе Меаца“.

Бјукенан ја започна својата кариера во канадскиот клуб Сигма, а потоа две години играше за Њу Ингланд Револушн, од каде во 2021 година се пресели во Бриж.

За белгискиот клуб одигра вкупно 67 натпревари, постигна пет гола во сите натпреварувања и освои една титула во Белгија.

Интер е прв во Серија А со 45 бодови, два повеќе од второпласираниот Јувентус.

Scroll to Top