Top Sport

(Видео) Влаховиќ во 91.минута за победа на Јувентус во Салерно

Фудбалерите на Јувентус, со пресврт ја победија Салернитана, во Салерно со 2:1 и се вратија на два бода минус во однос на лидерот Интер.

Последно пласираниот тим во Серија, против фаворитот имаше предност со голот на Маџоре во 39.минута. Салернитана ја контролираше играта се до 53.минута кога стрелецот на голот, Маџоре, го доби вториот жолт картон.

Преднста од играч повеќе Јувентус ја искористи 12 минути подоцна кога Илинг Јуниор го израмни резултатот.

Победата на Јувентус му ја донесе Влаховиќ во 91. минута.

Scroll to Top