Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон е пренесен во болница во тешка состојба, откако имал несреќа при крајот на втората етапа на релито Дакар во пустините на Саудиска Арабија.
Ова е прва тешка несреќа на овогодинешното издание на една од најпознатите светски рели трки, а Фалкон ја повредил главата при падот, па со хеликоптер е пренесен во болницата во Ал-Дувадим во критична состојба.
Според шпанските медиуми, несреќниот Фалкон го реанимирале лекарите. Во тоа успеале, а според извештајот од одделението за интензивна нега на болницата неговата состојба моментално е стабилна.
„Само 15 километри пред целта, Фалкон падна и силно ја удри главата. Кога пристигнаа болничарите, тој немаше пулс. Се уште не знаеме дали имал само повреди на главата од ударот или несреќата се случила бидејќи имаше мозочен удар“, изјави директорот на релито.Дејвид Кастер.
По првата етапа Фалкон беше на 79. место во генералниот пласман.