Распоредеот на Ла Лига, новиот формат на шпанскиот Суперкуп и конечно, ждрепката на Купот на Кралот, доведоа до единствена ситуација. Реал и Атлетико, мадридските гиганти на шпанскиот и светскиот фудбал, за само 25 дена ќе одиграат три градски дербија. Дополнителен интересен податок е што ќе играат во три различни споменати натпреварувања и на различни стадиони.
Утре се игра првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија. Следниот е на 18 овој месец или следната среда. Потоа Атлетико и Реал се среќаваат на „Ванда Метрополитен“ во осминафиналето на Копа дел Реј. Конечно во недела на 4 февруари играат првенствен натпревар на Бернабеу.
Тоа значи дека оваа сезона мадридското дерби ќе се игра најмалку четири пати, бидејќи првото се играше во првиот дел од шампионатот. Лигата на шампионите нуди можност за уште едно градско дерби до крајот на сезоната.