Top Sport

(Видео) Секвенцата на Јовиќ во НБА која ги воодушеви сите

Српскиот репрезентативец, Никола Јовиќ беше исклучително забележлив во победата на Мајами над Хјустон од 120:113, не само поради резултатот во нападот, туку и поради тоа што му даде дефанзивен тон на тимот.

Неговите 90 секунди ги воодушевија сите и покажаа дека Мајами може да се потпре на него. Со малку подобар процент на шут може да си зацементира место во стартната постава, пренесуваат српските медиуми.

Тој постигна тројка, а потоа ја „собра“ топката во одбраната и намести тројка за Тајлер Хиро. Уште еднаш ја зема топката и започна контранапад, а потоа дојде до украдена топка која отвори уште еден контранапад. Потоа успеа да го забави нападот, а потоа и да одбрани без фаул и да избори слободни фрлања во луд ритам.

Scroll to Top