Top Sport

(Видео) Како арената во Диселдорф од фудбалски стана ракометен терен

Foto/ facebook.com/rfmofficial

Македоснките ракометари вечерва ќе го отворат Европското првенство против Франција. Натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот стадион во Дизелдорф.

Арената „Меркур Шпиле“ беше претворена во ракометна сала во која ќе се играат натпревари на Европското првенство во ракомет. Вечерва на отворањето се очекува да има 50.000 навивачи.

По натпреварот меѓу Македонија и Франција на истото место ќе играат домаќинот Германија и Швајцарија, кога и се очекува д биде поставен апсолутниот рекорд според бројот на гледачи на еден ракометен натпревар.

Организаторите објавија видео од 15 секунди за тоа како фудбалската арена во Дизелдорф беше претворена во ракометна сала.

Scroll to Top