Top Sport

Пресврт на Ливерпул за предност над Фулам во Лига купот

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Фулам на „Енфилд“ со резултат 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.

Ливерпул се изнамачи за да ја анулира предноста на Фулам, а кога направи пресврт пропушти можност да го декласира противникот.

Вилијан во 19.минта по додавањето од Андреас Переира му донесе водство на Фулам.

Овој резултат беше активен до 68.минута кога Дарвин Нуњез го проигра Куртис Џонс, а младиот играч на Ливерпул погоди за 1:1. Три минути подоцна Нуњез му асистираше на Гакпо кој направи пресврт.

На крајот избраниците на Јирген Клоп можеа да стигнат до убедлива победа, но шанси пропуштија Диого Жота и Нуњез кои имаа четири добри прилики да се запишат меѓу стрелците.

Реваншот е закажан за 24 јануари.

Scroll to Top