Фудбалерите на Аталанта се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија откако вечерва на „Сан Сиро“ го совладаа Милан со 2:1.
Херојот на Аталанта беше двоен стрелец за Купминерс, додека единствен стрелец за Милан беше Рафаел Леао.
Во 45. минута Милан изведе убава акција, Тео Ернандез испрати повратна топка за Рафаел Леао се најде на вистинското место и погоди за 1:0.
Но, Аталанта експресно возврати преку Холанѓанецот Купмајнерс, иститот играч од пенал го комплетираше пресвртот на стартот од вториот дел.
Аталанта во полуфиналето ќе се сретне со Фиорентина, додека Лацио во второто полуфинале го чека победникот од дуелот меѓу Јувентус и Фросиноне.