Никола Јокиќ продолжува со феноменалните партии во НБА. Ноќта меѓу средата и четвртокот, Јокиќ одигра одличен натпревар против Јута, но изостана поддршката од соиграчите, па неговите Денвер Нагетс беа поразени од Џез 124:111.
Јокиќ за 30 минути на паркетот имаше 27 поени (8/9 од поле, 10/12 слободни фрлања), 11 скока и шест асистенции. Српскиот центар стана најмладиот играч во историјата на НБА кој достигнал 13.000 или повеќе поени, 6.000 или повеќе скокови и 4.000 или повеќе асистенции. Пред него рекордот го држеше Леброн Џејмс со 29 години и 82 дена.
13,000 points for Nikola Jokic 👏
The Joker becomes the youngest player in NBA history to record 13K+ points, 6K+ rebounds, and 4K+ assists in their career, previous: LeBron James (29y, 82d)
📺 Nuggets-Jazz | Live on ESPN pic.twitter.com/Y02nZicEUP
— NBA (@NBA) January 11, 2024