Top Sport

Милик со хет-трик го однесе Јуве во полуфиналето

Фудбалерите на Јувентус изборија пласман во полуфиналето на Купот со убедливата победа над Фросиноне (4:0).

Аркадиуш Милик веќе во првото полувреме го најави триумфот на „Старата дама“, на стартот од вториот дел го комплетираше хет-трикот, а младиот Кенан Јилдиз го постави конечниот резултат.

Во 11. минута Милик од пенал му донесе водство на Јувентус, а тоа водство го удвои во 38. минута. До хет-трик стигна во 48. минута, а точка на овој меч стави Јилдиз во 61.

Јуве во полуфиналето ќе игра против Лацио, додека втората двојка ја сочинуваат Фиорентина и Аталанта.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');