Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино е загрижен за здравјето на Кристофер Нкунку (26). Францускиот напаѓач пристигна во Челси од РБ Лајпциг летото 2023 година за 60 милиони евра.
Францускиот напаѓач за Лајпциг одигра 172 натпревари, постигна 70 гола и забележа 56 асистенции, но во Челси, поради честите повреди, досеига одигра само четири натпревари и постигна еден гол.
Нкунку во првиот дел од сезоната имаше проблем со коленото, а сега има проблеми со колкот.
„Нкунку не тренира десет дена, ја следиме неговата состојба. Загрижен сум за неговата ситуација. Го чекавме шест месеци. Беше толку блиску до враќање и го започна натпреварот против Кристал Палас. Разочарани сме и загрижен затоа што сакаме да се врати што е можно поскоро“, рече Покетино.
Нкунку потпиша договор со Челзи до 2029 година, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 75 милиони евра.
Челзи има уште една разочарувачка сезона под водство на Покетино. Не играат во ниту едно европско натпреварување, додека во Премиер лигата се само на десеттото место со 28 бодови. Ливерпул е водечки со 45 бода.