Top Sport

Словенија, Португалија и Холандија обезбедија место во втората фаза

Foto/ EPA

Словенија, Холандија и Португалија обезбедија место во втората фаза на Европското првенство во ракомет.

Словенците ја совладаа репрезентацијата на Полска со 32:25, обезбедија место во втората фаза и во исто време ја оставија Полска без шанси за второто место во групата.

Најефикасен во словенечкиот тим беше Гапер Маргуч со шест гола, Деан Бомбач постигна пет.

Полска ја предводеше Пјетрашик со пет гола, а по четири постигнаа Олејничак и Шичко.

Словенија во третото коло ќе игра против Норвешка во натпревар кој најверојатно ќе одлучи која селекција ќе заврши на првото место во групата Д, додека Полјаците ќе имаат дуел против Фарски Острови.

Холандија ја декласира Босна и Херцеговина со 36:20.

Исто како што Полска, така и Босна и Херцеговина по две кола ги загуби сите шанси за пласман во втората фаза.

Холандија, пак, во натпреварот против Шведска ќе игра за првото место во групата Е.

Репрезентацијата на Португалија исто така ја запишаа втората победа на Европското првенство.

Португалците славеа над Чешка со 30:27.

Натпреварот го обележа Гомез кој постигна 11 гола.

Португалија против Данска ќе се бори за првото место во групата.

Scroll to Top