Голманот на Црвена ѕвезда, Милан Борјан е најуспешен во првото коло, во Лигата на шампионите.
Црвено-белите по 26 години се вратија во елитата, а на дебито во главната фаза, во Лигата на шампионите, одиграа 0:0, во Белград, против Наполи.
Борјан блескаше на голот со седум интервенции и сигурно е најзаслужниот што Црвена ѕвезда успеа да освои бод против фаворизираниот противник.
Покрај Борјан, седум успешни одбрани имаше и голманот на Лион, Ентони Лопез, но тој во сензационалната победа на неговиот тим кај Манчестер сити, прими еден гол.
Најмногу одбрани во првото коло имаше Робин Олсен. Голманот на Рома одбрани осум удари, но сепак не успеа да спречи убедлив пораз на Рома од Реал (3:0).